Адам Лалана кој викендов со својот гол го спаси Ливерпул од пораз на гостувањето кај Манчестер јунајтед, веројатно помисли дека е толку голема ѕвезда, што може да си дозволи да прави што сака.
Тој среде тренингот во пресрет на гостувањето кај Генк од Лигата на шампионите, се тргна настрана и почна да мокри. Камерите снимаа цело време, а го фатија и моментот кога Џејмс Милнер го погоди Лалана со топка во обид да му го прекине уринирањето.
На соиграчите им беше смешно, а Лалана веројатно не можеше да издржи да оди до тоалет, па работата си ја заврши покрај аут линијата на теренот за тренинг. Како за крај, рацете си ги избриша од тревата.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=31&v=3dDbBNN8FO0