Лалатовиќ: “Ги триев очите, мислев дека сонувам кога го видов резултатот од Англија – Србија“

Српскиот тренер, Ненад Лалатовиќ, кој важи за еден од најконтроверзните кај нашиот северен сосед, пред се поради своите изјави, го коментираше неверојатниот пораз на репрезентацијата за играчи до 21 година на Србија од Англија со 9-1.

– “Не го гледав натпреварот, но кога утрово го видов резултатот, бев во шок. Гледам во телефонот и ги тријам очиве да видам дали сонувам. Ова е неверојатен резултат.“ – вели Лалатовиќ за српски Курир.

Лалатовиќ во својата кариера беше тренер на многу клубови од целиот свет, а во 2017-тата година беше и селектор токму на репрезенатцијата на Србија за играчи до 21 година.

– “Не можам да прифатам дека некој е подобар од нас на 20 години, да речеме дека е подобар на 25-26 затоа што игра во подобар клуб, тренира повеќе, едноставно е подобар. Ама не ми е јасно дека некој е толку подобар на 20 години. Мислам дека тие момци треба да разберат што е репрезентација, што е грбот и химната и чувството кога го облекуваш дресот со националниот амблем. За мене нема ништо посвето и поубаво, мора да сфатат дека мора да се борат како лавови кога ќе излезат на терен. Мора да бидат ѕверови, да трчаат, да крварат, бидејќи оваа брука не е само нивна. Тие не само што се разгалуваат себеси, туку и семејството. Јас така разбирам и кога сите ќе го сфатат и кога се воини на теренот, тоа сигурно нема да се случи.“ – додава тој.

Српскиот тренер проблемот го наоѓа во комплетниот систем на српскиот фудбал.

– “Секако дека има проблем во системот, нашите играчи не работат добро. Исхраната е лоша, катастрофална. Нашите фудбалери јадат гиро и брза храна. Не е доволно да работите со играчите час и половина на тренинг, треба да им се посветите. Индивидуалната работа е многу важна, прво работа со напаѓачите на финиширање, на шутирање, па со играчи од средниот ред на додавање. Одбраната, секако, треба да работи сама за себе и на крајот да се вклопат во една целина. Но, нема ништо без индивидуална работа.“ – заклучува Лалатовиќ.

Србија загуби синоќа од Англија со 9-1 во Нотингем, откако кон средината на првиот дел поведе со 0-1.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести