36.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Лалињата им одржаа час по кошарка на македонските кадетки

Кошаркарската женска репрезентација на Македонија до 16 години претрпе дебакл од Холандија на стартот од Европското првенство за кадетки во Дивизијата Б. Нашите претставнички загубија со огромна разлика од 77 поени при конечен резултат од 101:24.

Во почетните 10 минути Македонките постигнаа само два поени, што никако не беше одговор на разиграните Лалиња кои реализираа 27 поени. Резултатот од 54:5 на полувремето беше најава дека нашата женска селекција ќе претрпи тежок дебакл, иако во третиот период покажаа знаци на живот реализирајќи 14 поени.

Следен противник на македонските кадетски репрезентативки ќе биде националниот состав на Бугарија, која, пак, ја запиша првата победа во групната фаза по триумфот над Украина со 67:63. Дуелот е закажан за сабота, со почеток во 17:15 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести