18.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Лалињата конечно победија под водство на Де Бур

Холандија под водство на селекторот Франк Де Бур ја запиша првата победа по пет меча, Лалињата славеа со 3-1 против селекцијата на Босна и Херцеговина на „Јохан Кројф арената“.

Со двата погодоци на Вајналдум до 14-тата минута, Холанѓаните дојдоа до удобна предност која ја зголеми Депај во вториот дел, а Превљак беше виновен за почесниот гол на гостите.

Останати резултати:

сегмент Б:

Бугарија 1-2 Финска

Турција 3-2 Русија

Велс 1-0 Ирска

сегмент Ц:

Албанија 3-1 Казахстан

Белорусија 2-0 Литванија

 

 

- Оглас -

Најнови вести