Лалињата поради ковид-19 дефинитивно без првиот голман на ЕП, ќе го снајде ли и Барди исто сценарио?

Селекторот на Холандија, Франк де Бур, дефинитивно го отпиша Јаспер Силесен за претстојното Европско првенство, во кое Лалињата во третото коло од групите ќе се соочат со Македонија.

Првиот голман се зарази со ковид-19 пред околу една недела, по што не го дочека крајниот рок за да добие негативен тест и да се врати во селекцијата. Конечниот список на играчи мора да се предаде во понеделник, а Де Бур покрај повиканите Стекеленбург и Крул, меѓу голманите го додаде и Марко Бицот, на местото од чуварот на мрежата на Валенсија.

Со слични проблеми кај нас се соочува Енис Барди. Нашиот клучен играч за врска пред 10 дена беше позитивен на корона-вирусот, исти разочарувачки резултати доби и вчера, по што се поставува прашањето дали и Барди ќе го снајде исто сценарио како и Силесен.

Секако, ние посакуваме да не биде така, но ѕвездата на Леванте е во трка со времето.

 

- Оглас -

Најнови вести