Лалињата се расцутеа во второто полувреме, голем пресврт за победа против Катар

Холандија ја забележа и третата победа на Мундијалот во Полска и Шведска, а популарните Лалиња направија голем пресврт и го совладаа Катар со 32:30.

Во првото полувреме противникот од нашата група во првата фаза губеше и со пет разлика, 9:14, на полувреме Катарците имаа предност од 19:15, но загубија.

Пресвртот почна веднаш на стартот на вториот дел и Холандија со серија од 3:0 намали на еден погодок негатива, а потоа и поведе и на крајот и победи за да остане во игра за настап во четвртфиналето на СП.

Смитс и Тен Фелде беа најефикасни со по 8 гола, а Холандија ќе мора да ги победи Германија и Србија во последните две кола за игра во четвртфиналето.

Во вториот меч што се играше од 15.30 часот Бахреин го победи САД со 32:27.

 

- Оглас -

Најнови вести