Ламар Одом раскина со вереницата, му ги украла лозинките од социјалните мрежи

Поранешниот НБА кошаркар Ламар Одом, ја раскинал љубовната врска со вереницата Сабрина Пар, и ја обвини Сабрина дека му ги украла сите лозинки од профилите кои ги има на социјалните мрежи.

„За несреќа, мојата поранешна девојка ги води моите социјални мрежи. Се прави напор да си ги вратам лозинките на Инстаграм и Твитер. Ако знаете секој што може да и помогне, контактирајте ги моите менаџери“ – апелира Одом кој со Лејкерс освои титула, а последниве години повеќе внимание привлекува со настани од неговиот приватен живот кои немаат врска со кошарка.

Сабрина ги негира обвинувањата на 41-годишниот Ламар кој од 2009 до 2016 година беше оженет со Клои Кардашјан.

„Разочарана сум од обвинувањата на Ламар и неговите луѓе. Не сум веќе заедно со него, би преферирала да молчам. Двајцата ја знаеме вистината, уверувам дека тој дава лажни обвинувања и изјави“ – вели 33-годишната Пар.

- Оглас -

Најнови вести