21.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Љамчевски донесе голема радост за вардарци во 90-та минута

Вардар го победи Кораб со 1-0, со гол на Петар Љамчевски во 90-тата минута. Љамчевски донесе голема радост на трибините на тренинг центарот на ФФМ во Скопје, каде се играше овој дуел од втората лига.

Инаку, Љамчевски во игра влезе во првото полувреме на местото на повредениот Вилдан Керим. Вардар имаше голем број шанси, но дури во финишот даде гол, откако некоја минута претходно, гостите имаа статива.

Силекс е доминантен во втората лига запад, кратовци денеска го разбија Кадино со 7-0, и убедливо се први, а Вардар го искористи киксот на Воска Спорт, и се вмешува во битка за втората позиција. Воска има еден бод повеќе од Вардар.

- Оглас -

Најнови вести