Ламела го намести Марсијал, Сон и Кејн немаат милост (Видео)

Ентони Марсијал доби директен црвен картон во 28. минута, но судијата Тејлор погреши на штета на Манчестер јунајтед, бидејќи не го исклучи Ерик Ламела, кој исто така го удри противникот и куртули само со жолт картон.

При гужвата во шеснаесетникот на домаќините настрада само Марсијал, иако и Ламела заслужи да замине во соблекувална, откако прв го удри напаѓачот на Манчестер јунајтед.

https://twitter.com/fck_var/status/1312785213261574146?s=20

И веднаш потоа Тотенхем казни со трет гол за предност од 1:3 на „Олд Трафорд“, а акцијата на опасниот тандем Сон и Кејн беше прекрасна.

Потоа Сон постигна уште еден гол и на Манчестер јунајтед со играч помалку на теренот и со негатива од 1:4 му се заканува вистинска катастрофа.

- Оглас -

Најнови вести