Ламин Јамал блеска на Европското првенство, а успеа да го положи и испитот по математика

Еден од најдобрите играчи на досегашниот дел од Европското првенство, младиот Шпанец Ламин Јамал, го воодушеви целиот фудбалски свет со своите одлични настапи во Германија.

Најмладиот дебитант на ЕВРО 2024, кој на 13 јули ќе наполни само 17 години, блеска на фудбалското поле, но имал проблеми со математиката во своето средно училиште. Сепак, успеал да го положи испитот и да ја воодушеви својата мајка, како и цела Шпанија.

„Ги положив испитите и сега имам ЕСО титула“, рече Јамал, кој не смеел ни да ги погледне оценките.

„Да бидам искрен, ги видов на мојот телефон и пишуваше дека сум положил, па само ја затворив апликацијата, ја повикав мајка ми и ѝ кажав“, раскажа Јамал.

Ламин Јамал и Шпанија ги очекува натпревар од осминафиналето против Грузија во недела. Веќе играа против Грузија во квалификациите и беа надмоќни.

„Сè што направивме во групната фаза ќе биде безвредно ако нè исфрлат во недела. Веќе игравме против нив во квалификациите, но знаеме дека тоа нема да биде ист натпревар“, потенцира Јамал.

- Оглас -

Најнови вести