Ламин Јамал доби сертификат од Гинисовата книга на рекорди

Напаѓачот на Барселона и репрезентативец на Шпанија, Ламин Јамал, доби сертификат од Гинисовата книга на рекорди.

Јамал стана најмладиот фудбалер кој учествувал во финале на Европско првенство, како и најмладиот стрелец на шампионатот на Стариот континент, постигнувајќи гол во полуфиналето на ЕВРО 2024 против Франција, кое Црвената фурија го доби со 2-1.

Минатата сезона 17-годишниот фудбалер учествуваше во вкупно 50 натпревари во сите натпреварувања, при што постигна седум гола и забележа девет асистенции.


Сегашниот договор на Ламин Јамал со Барселона трае до јуни 2026 година.

- Оглас -

Најнови вести