Ѕвездата на Барселона и шпанската репрезентација, Ламин Јамал, само со 17 години веќе важи за еден од најдобрите фудбалери на светот и сериозен кандидат за Златната топка. Но, покрај блескавите настапи на теренот, Јамал сѐ почесто го привлекува вниманието и со својот приватен живот.
Шпанските медиуми пренесуваат дека тинејџерот започнал нова љубовна врска, и тоа со девојка 12 години повозрасна од него.
View this post on Instagram
Според информациите на „Мундо депортиво“, Јамал веќе извесно време е во врска со шпанската инфлуенсерка Фати Васкес, 29-годишна моделка, со која моментно ужива на одмор во Италија.
Откако ја заврши напорната сезона во која со Барселона ја освои титулата во Ла Лига, Јамал реши да се релаксира, но веднаш стана главна тема во медиумите. Причината е љубовната врска со Васкес, која е добро позната фигура на социјалните мрежи, со над 400.000 следбеници на „Инстаграм“.
Football’s teen wonderboy Lamine Yamal, 17, takes a luxury holiday with flight attendant 13 years his senior, as Barcelona forward releases statement https://t.co/ue3FY2ZOkO
— Mail Sport (@MailSport) June 17, 2025