Ламин Јамал е чудо: Уште нема 18 години, а веќе одигра 100 меча

Барселона минимално со 1:0 го победи Рајо Валјекано во меч од 24-тото коло на шпанската Примера дивисион. Роберт Левандовски го постигна единствениот гол, и тоа од пенал, но овој меч е посебен за тинејџерот Ламин Јамал.

Најдобриот млад фудбалер во светот го одигра јубилејниот 100-ти натпревар во сениорскиот фудбал. Јамал има само 17 години и 219 дена, а веќе има одиграно 82 меча во дресот на Барселона и има 18 натпревари во репрезентативниот дрес на Шпанија.

Јамал има и одличен учинок од 21 гол и 28 асистенции, биланс кој е многу подобар, на пример, од Лионел Меси што имал постигнато пред да стане полнолетен. Талентираниот тинејџер со Барселона се радувал на титулата во 2023 година, а пред еден месец го освои и Суперкупот на Шпанија. Во репрезентативниот дрес на Црвената фурија се радуваше на титулата на Европското првенство, кое минатото лето се играше во Германија.

- Оглас -

Најнови вести