Францускиот магазин „Франс фудбал“, кој ја доделува најпрестижната индивидуална фудбалска награда Златната топка, го објави списокот на десетте номинирани за признанието „Трофеј Копа“. Оваа награда се доделува на најдобриот млад фудбалер под 21 година за изминатата сезона, а е именувана по легендарниот француски фудбалер Рајмон Копа.
Како што се очекуваше, меѓу номинираните е и чудото од Барселона, Ламин Јамал. Покрај него, на листата се наоѓа и неговиот соиграч од клубот и националниот тим, талентираниот дефанзивец Пау Кубарси.
Актуелниот европски клупски шампион Пари Сен Жермен има двајца претставници: Дезире Дуе и Жоао Невеш, коишто имаа импресивна сезона.
На списокот се наоѓаат и новите засилувања на Реал Мадрид и Челзи, Дин Хујсен и бразилскиот бисер Естевао, кој доаѓа од Палмеирас.
Наградата ќе биде доделена во рамки на церемонијата за Златната топка подоцна оваа година.
Сите номинирани за „Трофеј Копа“ 2025
Пау Кубарси (Барселона / Шпанија)
Ајуб Буади (Лил / Франција)
Дезире Дуе (ПСЖ / Франција)
Естевао (Палмеирас / Бразил – Челси)
Дин Хујсен (Борнмут / Англија – Реал Мадрид)
Мајлс Луис-Скели (Арсенал / Англија)
Родриго Мора (Порто / Португалија)
Жоао Невеш (ПСЖ / Португалија)
Ламин Јамал (Барселона / Шпанија)
Кенан Јилдиз (Јувентус / Турција)