Ламин Јамал испиша нова историја во Лигата на шампионите

Новата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал, продолжува да руши рекорди и да испишува историја во европскиот фудбал. Младиот офанзивец се најде во стартниот состав на Барса за вечерашниот четвртфинален дуел против Борусија Дортмунд, со што достигна уште едно неверојатно остварување.

Само со 17 години, Јамал стана првиот фудбалер во историјата кој има одиграно 20 натпревари во Лигата на шампионите пред да го прослави својот 18-ти роденден. Овој подвиг досега не му успеал на ниту еден играч во елитното европско натпреварување.

Ламин Јамал ќе наполни 18 години на 13 јули оваа година, а својот деби-настап во Лигата на шампионите го имаше на 19 септември 2023 година, кога Барселона славеше со убедливи 5-0 против белгискиот Антверпен.

Овој талентиран играч веќе е незаменлив дел од првиот тим на каталонскиот гигант, а неговите настапи во најелитното европско натпреварување се доказ за неговиот исклучителен потенцијал и зрелост и покрај младоста. Тој и вечерва беше стрелец во убедливиот триумф на Барселона од 4-0.

- Оглас -

Најнови вести