Ламин Јамал најдобар млад играч на светот, Реал Мадрид најдобар клуб

Ламин Јамал од Барселона е прогласен за најдобар млад фудбалер за оваа година. Шпанскиот репрезентативец кој има само 17 години игра во феноменална форма, а се најде и меѓу најдобрите 10 (освои осмо место) во гласањето за Златната топка.

Јамал е третиот играч на Барса во последните четири години кој ја добил наградата „Копа“ за најдобар млад. Во 2021 победи Педри, наредната година Гави, а лани признанието отиде кај Џуд Белингам.

Јамал во говорот ја спомна и својата населба Рокафонда, која има поштенски број 403, број кој младата ѕвезда секогаш го покажува кога прославува гол.

Годинава Јамал е најдобар, втор е Турчинот Арда Ѓулер од Реал Мадрид, додека трет е Коби Мејно од Манчестер јунајтед. Во топ 5 влегоа и Савињо од Манчестер сити и Пау Кубарси од Барселона.

За најдобар машки клуб е прогласен европскиот и шпански првак Реал Мадрид. Од Реал нема претставници на церемонијата, бојкотираат поради сознанието дека нивниот играч Винисиус нема да ја освои Златната топка.

- Оглас -

Најнови вести