Ламин Јамал не доби место во идеалниот тим на сезоната

Финалистот во Лигата на шампионите, Пари Сен Жермен, доминира во идеалниот тим на сезоната во Европа според угледниот спортски портал „Атлетик“. Францускиот гигант има тројца свои играчи во составот, повеќе од кој било друг клуб, додека Барселона и Ливерпул имаат по двајца претставници.

И покрај тоа што младиот Ламин Јамал имаше блескава сезона, тој не се најде во идеалниот состав, но затоа беше прогласен за најдобар млад фудбалер во Европа. Големото признание за играч на сезоната му припадна на Бразилецот Рафиња од Барселона, а тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, беше избран за тренер на годината.

Идеалниот тим на Европа, според „Атлетик“, изгледа вака:

Голман: Тибо Куртоа (Реал Мадрид)

Одбрана: Нуно Мендеш (ПСЖ), Ашраф Хакими (ПСЖ), Вирџил ван Дајк (Ливерпул), Алесандро Бастони (Интер)

Среден ред: Деклан Рајс (Арсенал), Витиња (ПСЖ), Педри (Барселона)

Напад: Рафиња (Барселона), Осман Дембеле (ПСЖ), Мохамед Салах (Ливерпул)

- Оглас -

Најнови вести