Лампард е чудо од тренер, направи нешто што го немало седум години!

Франк Лампард одлично диригира со тимот на Челзи. Некогашната фудбалска легенда на лондонскиот клуб, покажува дека одлично знае да го предводи тимот и од клупата. Челзи вчера со 2:0 го победи Кристал Палас, а таа победа има посебно значење за Лампард.

Челзи стигна до шестата победа во низа и со 26 бодови е на делба на второто место со Лестер, а е пред шампионот Сити, кој денеска гостува кај Ливерпул во дербито на денот. Тоа што Челзи има шест победи по ред во Премиер лигата го прави Лампард прв англиски тренер во последниве седум години со ваков биланс.

Последен англиски тренер кој наредил седум победи во низа во домашното првенство бил Алан Пердју во 2012 година. Лампард дефинитивно сега е тренерската надеж на Англија.

https://twitter.com/Coral/status/1193172401250590721

 

 

- Оглас -

Најнови вести