Арсенал без многу мака со 3:1 го победи Челзи во мечот кој требаше да биде дерби на главниот град на Англија. Со овој триумф, Топчиите повторно ја презедоа лидерската позиција на табелата и сега имаат 78 бода од 34 кола, додека Манчестер сити е втор со 76 бода од 32 кола.
Челзи продолжува со очајните резултати, па тимот падна дури на 12-тото место и со 39 освоени бода има само девет повеќе од Нотингам форест, кој е во зоната за испаѓање.
По поразот од Арсенал, тренерот на Челзи, Френк Лампард, постави еден неславен рекорд. Тој е првиот англиски тренер кој успеал да загуби 10 натпревари во низа во сите натпреварувања во последните 35 години. Последен кој имал таков очаен биланс бил Артур Кокс, кој бил предводник на Дерби каунти и тоа се случило во февруари 1988 година.
10 – Frank Lampard has now lost each of the last 10 matches he’s taken charge of across all competitions – he is the first English manager to lose 10 in a row while in charge of a top-flight team since Arthur Cox in February 1988 with Derby. Tough. pic.twitter.com/ox3B1Dd9DN
— OptaJoe (@OptaJoe) May 2, 2023