Легендата на Челзи, Френк Лампард, се наоѓа пред промоција за нов менаџер на Сините. По неколку дена преговори и меѓусебни разговори на релација Абрамович-Лампард, постигнат е договор на три години за Англичанецот да се врати на „Стемфорд бриџ“.
Според последните информации, официјализација на оваа соработка би требало да се случи во следните 48 часа, а Лампард по само една сезона ќе ја напушти работата во Дерби каунти, а со него ќе во Лондон ќе се врати и неговата десна рака Џоди Морис, кој во минатото со голем успех го предводеше тимот на Челзи до 18 години. Инаку, Дерби му понуди на Лампард повеќегодишен договор според кој би заработил 10 милиони фунти, но тој наводно одбил бидејќи единствена желба му е да се врати во клубот каде што мина поголем дел од фудбалската кариера.
Лампард како фудбалер на Сините стана клупски рекордер по број на погодоци. Kaко младинец од Вест хем пристигна во Западен Лондон во 2001 година, а во 13 години запиша 640 настапи на кои постигна 209 погодоци, а додаде и 150 асистенции.
Четириесет и едногодишниот стратег работата ја презема од Маурицио Сари, кој по само една сезона го напушти Челзи и ја презеде клупата на Јувентус.