Лампард конечно, донесе Премиерлигашка радост за Евертон а во Англија се случи чудо (ФОТО)

Евертон конечно, одигра како што се очекува и со убедливи 3:0 го совладаа Лидс јунајтед во 25-то коло од Премиер лигата.

Ова е прва победа за Френк Лампард во Премиер лигата како тренер на тимот од Ливерпул, откако минатото коло загубија од Њукасл на домашен терен.

Шејмус Колман со глава постигна гол во 10-та минута, со што стигнаа до бројката од 336 голови во историјата на Премиер лигата и се на делба на првото место со Манчестер јунајтед.

Вториот гол, пак, беше на Мајкл Кин во 23-та минута и претставува своевидно чудо на терените во Англија.

Неговиот брат, Вил Кин кој игра за Виган постигна гол три минути подоцна од пенал со што за прв пат на Островото се случува двајца браќа да постигнат гол за различни тимови и тоа во еден ист фудбалски термин (16:00 часот).

Печат на победата стави Ришарлисон во 78-та минута, а само неколку мигови претходно, на теренот влезе Деле Али, засилувањето од кого многу се очекува.

Ова е голема и важна победа за Евертон кој ја прекина серијата од четири порази и сега стигна до 22 бод со што сепак ќе остане на 16-то место по оваа рунда.

ПРЕМИЕРЛИГА

Брентфорд – Кристал Палас 0:0

Евертон – Лидс јунајтед 3:0

Ватфорд – Брајтон 0:2

- Оглас -

Најнови вести