32.8 C
Skopje
недела, 7 септември 2025

Лампард може да седне на клупата во клубот во кој ја започна играчката кариера

Франк Лампард беше еден од најдобрите англиски фудбалери во неговата генерација, но како тренер не се афирмираше во посакуваниот правец. Откако во 2016 година ја заврши играчката кариера, Лампард влезе во тренерските води. Неговиот прв предизвик беше Дерби каунти, клуб во кој ја помина сезоната 2018/19.

Потоа Лампард доби шанса да биде на клупата на Челзи, клубот во кој се прослави и стана англиска легенда. од 2019 до 2021 година беше на клупата на тимот од „Стемфорд бриџ“, за да откако си замина, добие покана од Евертон.

Од 2024 година, Лампард е на чело на Ковентри во Чемпионшип во Англија, но сега се најавува негово можно враќање во Премиер лигата. Со Ковентри има две победи и две нерешени во првите четири кола, а англиските медиуми веќе најавуваат дека Лампард може да седне на клупата на Вест хем.

Вест хем е лондонски клуб во кој Лампард ја започна играчката кариера и таму помина шест години, пред да направи трансфер во Челзи. Грем Потер е на клупата на Вест хем, а сезоната ја започна со два порази и само еден пораз, па Чеканите моментално се на 16 место на табелата. Токму затоа се шпекулира дека Потер може да добие отказ, а негов можен наследник е Лампард.

- Оглас -

Најнови вести