26.8 C
Skopje
понеделник, 18 август 2025

Лампард не може да смета на три од петте засилувања за стартот на сезоната

Челзи тргнува со гостување кај Брајтон на 14 септември, во првото коло од новата сезона во Премиер лигата, а менаџерот Френк Лампард веднаш се соочува со проблеми. Предводникот на Сините не ќе може да смета на три од петте засилувања кои летово пристигнаа на „Стемфорд бриџ“.

Бекот Бен Чилвел и офанзивецот Хаким Зијех се повредени, додека Тијаго Силва дури денес го заврши одморот и пристигна во Лондон, па ќе му треба време да се врати во натпреварувачки погон.

Што се однесува за Вернер и Хаверц, германското дуо би требало да ја почувствува магијата на Премиер лигата. Во меѓувреме, Челзи е на прагот да го обезбеди потписот на Едуард Менди, голманот на Рен, за околу 25 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести