Лампард откри какви играчи сака во тимот и ги израдува навивачите на Челзи

Френк Лампард е играчот кој најголем дел од својата играчка кариера ја помина во дресот на Челзи. Со лондонскиот клуб ги постигна најголемите успеси, а се афирмираше и во еден од најдобрите играчи од средниот ред на својата генерација. За 13 години поминати на теренот бранејќи ги боите на „сините“, одигра 648 меча и даде рекордни 211 погодоци. Се радуваше на три титули во Премиер лигата, а ги има подигнато и перахите во Лигата на шампионите и Лигата на Европа.

Сега Лампард има нова улога во Челзи. Од пред неколку дена тој е тренер на клубот кој треба повторно да се врати во самиот врв во Англија и да се бори за титулата. Лампард објасни на кои играчи најмногу ќе им даде шанса да играат сезонава.

„Не сакам играчи кои Челзи ќе го гледаат само како попатна станица. Сакам играчи кои ќе ја чувствуваат душата на клубот, како што го правеа тоа Дидие Дрогба и Џон Тери во времето кога јас бев играч на Челзи. Навивачите најдобро може да ги забележат таквите играчи, кои едноставно се борат за амблемот на клубот“, рече тренерот Лампард, кој сега е на подготовки со екипата и го создава тимот со кој ќе влезе во трка за трофеите во новата сезона.

 

 

- Оглас -

Најнови вести