Лампард: Под притисок сме, но уживаме во сезоната

Френк Лампард има одлична дебитантска сезона како тренер во Челзи. Играчката легенда на Сините се врати на „Стемпфорд бриџ“ како тренер и се покажува како одлично решение. Иако Челзи реши да го подмлади составот, сезонава игра одлично и е на позиција која води излез во Лигата на шампионите за следната сезона.

На пет кола до крајот, Челзи има 57 бодови, два повеќе од петтопласираниот Манчестер јунајтед и еден помалку од третиот Лестер. Лампард и неговите играчи утревечер ќе имаат нов голем предизвик за да освојат три бода, и тоа на гостувањето кај Кристал палас.

„Секој меч е тежок и знаеме што нѐ чека. Кристал палас е квалитетен тим, добро се организирани во одбраната и затоа ќе мора да најдеме вистински пристап за овој дуел. Знаеме дека Манчестер јунајтед е закана за нашата позиција, но ние треба да се фокусираме на нашата игра. Секако дека постои притисок, но уживаме во сè што правиме сезонава. Мораме да ја имаме контролата во наши раце“, рече Лампард.

Тренерот на Челзи потврди дека за дуелот против Кристал палас во тимот нема да биде Н’голо Канте, како и Матео Ковачиќ и Фикајо Томори.

 

- Оглас -

Најнови вести