Лампард прифати 25%, а играчите 10% помала плата

Френк Лампард прифати да му се скрати платата на 25 отсто во наредниот период, додека фудбалерите на Челзи допрва треба да соопштат дека се откажуваат од 10% од платата за да им помогнат на вработените во клубот. Не е само Лампард, туку целиот стручен штаб се откажа од 25 отсто од платата, а севкупно ќе се соберат околу 10 милиони фунти кои ќе бидат наменети за исплати на вработените кои седат дома.

Претходно сопственикот Роман Абрамович потврди дека ниту еден вработен нема да биде отпуштен и покрај тоа што клубот нема профит за време на пандемијата со Корона-вирусот, како и тоа дека на сите ќе им биде исплатена целосната плата за март и април.

Челзи инаку е еден од најактивните клубови во Англија кој учествува во борбата против Корона-вирусот. Клупскиот хотел е обезбеден за престој на мобилизираниот медицински персонал кој работи во Лондон, а секојдневно се обезбедуваат над 70.000 оброци за најпогодените жители на главниот град на Англија.

- Оглас -

Најнови вести