Лампард промовиран во нов тренер на Челзи

Френк Лампард, еден од најдобрите фудбалери во историјата на Челзи, го потпиша договорот кој го официјализира како нов тренер на Челзи. Лампард треба во следните три сезони од клупата да го предводи лондонскиот тим.

„Многу сум горд што се вратив во Челзи, и тоа како тренер. Сите многу добро ја знаат мојата љубов кон клубот и заедничката историја што ја имаме. Дојден сум да работам и да му донесам нови успеси на клубот. Едвај чекам да започнам“, рече Лампард на промоцијата.

Лампард помина 13 години како играч во Челзи и за тоа време ги освои сите најзначајни трофеи, а е и најдобар стрелец во историјата на клубот со 211 погодоци во 648 мечеви.

https://twitter.com/ChelseaFC/status/1146697129328545792

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести