Лампард сака одмазда за поразот од 4:0 против Манчестер јунајтед

Челзи против Манчестер јунајтед и Ливерпул против Арсенал се двата дерби-дуели кои вечерва се играат во осминафиналето од Лига купот на Англија. На почетокот од сезоната, Челзи претрпе убедлив пораз од Манчестер на „Олд Трафорд“, но тренерот на лондончани, Франк Лампард, најави дека овојпат Црвените ѓаволи нема да поминат толку добро резултатски.

„Добро сме подготвени за овој меч. Дури и да направам неколку измени, фудбалерите кои ќе бидат на теренот ќе го дадат максимумот. Поразот од 4:0 сега ми е милиони километри далеку, но сепак нема да го занемариме. На тој меч игравме добро, но примивме четири гола“, рече Лампард, кој додаде дека неговиот тим сака да го освои трофејот во Лига купот.

 

- Оглас -

Најнови вести