Лампард: Сакаме сезоната да продолжи, но има многу препреки

Јасно е дека сите со нетрпение чекаат да продолжи фудбалската сезона во топ 5 лигите, а несомнено сите чекаат зелено светло за рестарт на најатрактивното првенство, Премиер лигата. Во следните неколку дена треба да се донесе одлука кога и како ќе продолжи прекинатата сезона од која останаа да се доиграат уште девет кола.

„Свесен сум дека желба е на сите првенството да продолжи со оглед на тоа колку фудбалот им е важен на луѓето. Но, исто така знам дека ќе се соочиме со доста проблеми. Мило ми е што ставот на Премиер лигата е да се сочува здравјето на фудбалерите и работниците во клубовите, секако мора да ја почитуваме макотрпната работа на медицинските лица кои се борат за нашите животи. Проблемот е во тоа што фудбалот е спорт со контакт, а доколку се вратиме на терените во наредните неколку недели ќе го загрозиме нивното здравје. Исто така за да почнеме со натпреварите и тренинзите ќе треба да се тестираат сите кои се инволвирани, и тоа редовно, што значи дека ќе трошиме голема залиха на тестови и ќе ги ускратиме на оние на кои навистина им се потребни. Капак сето ова е што најверојатно ќе играме на неутрачни терени“, изјави Лампард, предводникот на Челзи.

Доколку се задржи првичниот план, премиерлигашите со тренинзи ќе стартуваат од 18 мај, додека сезоната ќе се продолжи од 8 јуни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести