Лампард си ја скрши раката додека го славеше голот во 99 минута (Видео)

Евертон со 1:0 го победи Њукасл во меч кој траеше 108 минути, а победничкиот гол беше постигнат во деветата минута од судиското надополнување. Алекс Ивоби донесе радост за домашните навивачи, а тренерот на Евертон, Франк Лампард во радувањето, успеал да скрши една коска од раката.

https://twitter.com/i/status/1504796026787536904

Лампард вели дека не се сеќава како се повредил така, но знае дека е додека се радувал.

„Тоа се случи додека го славев голот. Имав контакт со нешто, но не знам во што точно удрив. Две минути подоцна, мојата рака почна да се тресе и да чувствувам болка“, рече Лампард по мечот, покажувајќи каде се повредил.

https://youtu.be/nG-A_VRf6_I

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести