Лампард станува тренер на Евертон и до крајот на јануари носи тројца играчи

Френк Лампард наскоро би требало да биде промовиран во нов тренер на премиерлигашот Евертон. Иако како кандидати за наследници на Рафаел Бенитес се спомнуваа Витор Переира, Вејн Руни и Данкан Фергусон, сепак во прв план избива Лампард.

Лампард минатата зима си замина од Челзи и од тогаш е без работа, чекаше понуда по негов вкус и конечно ја доби. Карамелите се на 16-то место во Премиерлигата, од 6 декември немаат победа, и ги чека битка за опстанок.

Според британските медиуми, ако Лампард стане тренер на Евертон, во следните два-три дена, до крајот на зимскиот преоден рок, членови на клубот од Ливерпул треба да станат Деле Али, Рубен Лофтус-Чик и Рос Баркли.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести