Лампард реди рекорди како тренер, нема кој да го сопре неговиот тим

Франк Лампард имаше блескава играчка кариера која најголемиот дел ја помина во тимот на Челзи. Во 2016 година Лампард реши да се повлече од теренот, но не и од фудбалот. Започна тренерска кариера. Беше на клупата на Дерби каунти, Челзи, Евертон, а од минатата година е на чело на Ковентри во Чемпионшип.

Сезоната не започна најдобро за Ковентри, но во последниве два месеца тоа е тимот кој едноставно знае само за победи. Тимот предводен од Лампард нареди девет победи во последните 10 кола, што претставува израмнување на клупски рекорд на Ковентри поставен во далечната 1954 година.

Со освоените 27 од можните 30 бода во последните 10 кола, Ковентри скокна во горниот дел од табелата и моментално е на петтото место кое води во разигрувањето за влез во Премиер лигата.

Дека во Ковентри се „насади“ победнички менталитет, се покажа на последниот меч на домашен терен. Тимот на Лампард водеше со 2:0 против Стоук, но противникот се врати во игра и стигна до 2:2. Сепак, тоа не ги разочара фудбалерите на Ковентри, кои тргнаа во напад за трет погодок и успеаја да погодат во 90+7 минута за голема радост кај сите фанови на стадионот.

- Оглас -

Најнови вести