Никлас Ландин е еден од најдобрите ракометни голмани на сите времиња, а неговиот стил на бранење е уникатен.
Октоподот од Данска и вчера на загревањето за мечот меѓу Кил и Хановер во Бундеслигата покажа колку е еластичен и физички подготвен. Вистински атлет на ракометниот терен што комотно може да се префрли и на гимнастика.
Кил го победи Хановер со 31:24, а нашиот репрезентативец Филип Кузмановски успеа да постигне еден гол за гостите против фантастичниот голман на популарните Зебри.