Недопирливиот Формула 1 шампион Макс Ферстапен ја продолжи доминацијата откако денеска победи на трката за Големата награда на Унгарија. За Ферстапен ова беше седма победа по ред, а овојпат веднаш зад него заврши Ландо Норис.
Токму Норис беше виновникот поради кој Ферстапен остана без трофејот што го освои. По завршување на трката, возачот на Мекларен намерно го удри шишето со шампањско од пиедесталот на кој стоеше трофејот на Ферстапен, со цел на атрактивен начин да го отвори и да почне да слави.
Во тој момент, пехарот на Ферстапен се преврте, падна и веднаш се скрши. За овој трофеј биле потребни шест месеци да се направи, вреди 40.000 евра, а беше искршен на банален начин за само една секунда.