35.8 C
Skopje
недела, 27 јули 2025

Ландо Норис и Оскар Пјастри во голема пресметка на „Спа“ (Фото)

Борбата за титулата во Формула 1 во сезоната 2025 продолжува со една од најпрестижните трки во календарот – Големата награда на Белгија на легендарната патека „Спа“.

Од пол-позицијата денес ќе стартува Ландо Норис, кој во квалификациите успеа да го надмине својот тимски колега од Мекларен, Оскар Пјастри. Токму двајцата возачи се и главни конкуренти за шампионската титула оваа година, а пред денешниот старт Пијастри има предност од девет поени во генералниот пласман.

Во вториот стартен ред се наоѓаат Шарл Леклер и победникот од спринтот на „Спа“, Макс Ферстапен, кој ќе се обиде да стигне до својата четврта победа на оваа белгиска патека.


Третиот ред го сочинуваат Алекс Албон и Џорџ Расел, а во првите десет се уште и Јуки Цунода, Исак Хаџар, Лиам Лоусон и Габриел Бортолето.

Прогнозите најавуваат дождливи услови, што може да ја направи трката непредвидлива во однос на стратегијата. Доколку, сепак, времето остане суво, се очекува натпреварување со две запирања во боксот, имајќи го предвид и нешто поразличниот избор на гуми за овој викенд.

Трката за Големата награда на Белгија, 13-та рунда од шампионатот во Формула 1 за 2025 година започнува денес во 15 часот, а дополнителната возбуда секако ја имате со огромната понуда на Ф1 во Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести