Возачот на Мекларен, Ландо Норис, истакна дека во Лас Вегас дошол со цел да ризикува и да победи, но и дека ја очекува жестоката борба на претстојната трка во Формула 1.
„Дојдов да победам. Не дојдов тука да играм на сигурно. Сè уште сакам да излезам и да победам и ќе направам сè што можам“, изјави Норис по квалификациите.
Норис ќе тргне од пол-позицијата во неделната трка, откако на лизгавата и дождлива патека забележа најдобро време во квалификациите и трета трка по ред ќе стартува како прв.
Според квотите, има и најголеми шанси за победа.

„Ќе одам чекор по чекор – прво да стартувам добро, да имам добар прв круг, па ќе видиме што ќе се случи“, додаде британскиот возач.
Од втората позиција ќе стартува актуелниот шампион, возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, а трет ќе биде Карлос Саинц од Вилијамс.
Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, ќе тргне од четвртата позиција, додека од петтото место ќе стартува Оскар Пјастри од Мекларен.
Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон, сега во Ферари, ќе стартува од последното, 20-то место.

Победата на Норис би му донела значително приближување кон шампионската титула, бидејќи во генералниот пласман има 24 бода повеќе од тимскиот колега Пјастри и 49 повеќе од Ферстапен.
„Ферстапен беше брз, и ако очекувате помалку од тоа, тогаш не знаете на што е способен. Да, очекувам борба. Очекувам борба низ целата трка“, додаде Норис.
Возбудата ќе се зголеми дополнително со одличната понуда во Sport Life за трката за во Лас Вегас. Можете да се обложите на победник, пласман во Топ 3, најбрз круг, најбрз болид, да одиграте на дуели…


