Ландо Норис е победник на трката за Големата награда на Австрија. Тоа е седми негов триумф, потполно заслужен според случувањата на патеката.
Второто место му припадна на Оскар Пјастри, а Макс Ферстапен остана без бодови.
Ландо Норис успеа да ја искористи пол-позицијата на најдобар можен начин. Со оваа победа, Норис го намали бодовнотo заостанување зад Пјастри на само 15 поени, продолжувајќи ја доминацијата на Мекларен во генералниот пласман.
Трката започна бурно и драматично. Прво, Карлос Саинц беше принуден да се повлече уште пред официјалниот старт, откако неговиот болид се запали и ја предизвика првата интервенција на безбедносното возило. Веднаш потоа, следуваше контакт на стартната рамнина меѓу Макс Ферстапен и тинејџерот Кими Антонели, што дополнително ја вжешти атмосферата.
Целиот спектакл на патеката го одбележа дуелот меѓу двајцата возачи на Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пјастри, кои водеа возбудлива и неизвесна битка за лидерската позиција. На крајот, поискусниот Норис успеа да издржи и да ја запише победата, оставајќи го својот тимски колега зад себе.
Подиумот го заокружи Шарл Леклер со солидна изведба за Ферари, додека двојката на Мерцедес, Луис Хамилтон и Џорџ Расел, завршија на четвртата и петтата позиција.