Британецот Ландо Норис триумфираше во квалификациите за Големата награда на Бразил, кои се возеа на легендарната патека Интерлагос.
Возачот на Мекларен имаше совршена сабота, бидејќи претходно во денот победи и на спринт трката.
Најголем разочаран од квалификациите беше четирикратниот светски шампион Макс Ферстапен, кој ќе ја започне утрешната трка од катастрофалната 16. позиција.
Второто место во стартниот ред му припадна на Италијанецот Кими Антонели од Мерцедес, додека како трет ќе тргне возачот на Ферари, Шарл Леклер.
Тимскиот колега на Норис и негов најблизок ривал во генералниот пласман, Оскар Пјастри, ќе стартува од четвртата позиција.
Главната трка за Големата награда на Бразил ќе се вози во недела со почеток од 18 часот.

