Ландо Норис: Не знам зошто се жалат од Ред Бул, тие имаат најбрзи болиди

Пилотот на Мекларен, Ландо Норис, после квалификациите на патеката во Австрија, ги искритикува своите колеги од Ред Бул, Макс Верстапен и Серхио Перес.

Тимските колеги од Ред Бул беа многу незадоволни од строгоста на стјуардите околу ограничувањата на пистата. Дури 47 обиколки беа поништени за време на квалификациите, Перес дури и не се најде во третата завршна квалификациска рунда, затоа што времето му беше поништувано поради излегување од границите на пистата.

„Тие имаат најбрз болид, зошто се жалат? Знаат дека со години тука е исто, не би рекол дека ситуацијата годинава беше поразлична. Ние сме пилоти и цело време се жалиме на нешто, не сакаме да мислиме на тоа каде се ограничувањата на секоја кривина, но мора да се најде компромис. Треба да ја намалиш брзината, нешто што во принцип никој од нас не го сака“ – вели Норис.

„Според мене, болидите на Ред Бул се доволно брзи, за да можат да си дозволат да намалат брзина таму каде што треба и да загубат десетинка од секундата“ – додава Норис.

- Оглас -

Најнови вести