10.8 C
Skopje
сабота, 6 декември 2025

Ландо Норис против традицијата, а во битка за првата титула во Ф1

На прв поглед, изгледа дека Ландо Норис има релативно лесна задача на Гран При на Абу Даби, каде што тој само треба да се најде на подиумот за да ја освои својата прва светска титула во Формула 1.

Пред трката на „Јас Марина“, Британецот води со 12 поени пред Макс Ферстапен и со 16 поени пред својот колега во Мекларен, Оскар Пјастри. Меѓутоа, историјата не е на страната на Норис, барем ако се суди според последните пет случаи кога тројца или повеќе пилоти имаа шанса да станат светски шампиони во последната трка од сезоната.

Во ниту еден од овие пет случаи, односно во 1981, 1983, 1986, 2007 и 2010 година, лидерот во генерален пласман пред финалната трка не успеал да стане светски шампион. Во 1981 година, Карлос Ројтеман води, но титулата завршува во рацете на Нелсон Пике, кој повторно победи и две години подоцна, кога лидер пред финалната трка е Ален Прост. Професорот зема реванш три години подоцна, кога ја освои својата втора титула, и покрај тоа што лидер пред финалниот круг е Најџел Менсел, кој имаше дефект на гумата додека водеше помалку од 20 круга пред финалето во Австралија и отпадна.

Во 2007 година, Кими Раиконен беше на третото место зад Луис Хамилтон и Фернандо Алонсо, но успеа да ја украде титулата од дуетот на Мекларен со победата во Бразил. Три години подоцна, Себастијан Фетел го изненади Алонсо и својот соиграч во Ред Бул, Марк Вебер, искористувајќи ги тактичките грешки на двајцата во Абу Даби, за да ја освои својата прва титула.

Разврската од финалниот Ф1 викенд стартува денеска со квалификациите, кои се закажани за 15 часот, а вие можете да се обложите за дополнителна возбуда.

- Оглас -

Најнови вести