Кинеската тенисерка Шуаи Жанг го сруши негативниот рекорд по бројот на порази во низа. Жанг беше елиминирана во првото коло на турнирот во Синсинати откако загуби со 4:6, 4:6 од Дијана Шнајдер од Русија.
За Жанг тоа беше 22-ри пораз по ред, што е нов апсолутен негативен рекорд во машка и женска конкуренција. Досегашниот рекорд го држеше некогашниот американски тенисер Винс Спајд, кој во периодот од октомври 1999 до јуни 2000 година нанижа 21 пораз.
Жанг последен пат победи на 31 јануари 2023 година, и тоа во првото коло на ВТА-турнирот во Лион, кога ја победи Мадисон Бренџ. Токму во тој месец кинеската тенисерка стигна до 22-рото место на ВТА-листата, а потоа следуваше историскиот пад на формата и 22 порази по ред, по кои падна дури на 689-тото место на ВТА-листата.