Лани беше расплакан од Баерн, Англичанецот ќе биде најмотивиран за одмазда

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, нема пораз во дуелите со Баерн Минхен, но затоа Џуд Белингам не знае за победа против Баварците, на кои никогаш не им дал гол и англиската ѕвезда ќе биде еден од најмотивираните кај Кралскиот клуб вечерва.

Пред 340 дена, Баерн му го уништи сонот на Џуд дека ќе стане шампион во Германија и дека со титула ќе се прости од Борусија Дортмунд. Англискиот фудбалер не можеше да настапи на тој меч со Мајнц во последното коло поради повреда на коленото и откако одиграа само 2-2, останаа без титула, славеше Баерн Минхен, а тоа предизвика солзи во очите на Џуд.

Судбината сакаше Џуд да добие прилика во дрес на Реал да му се одмазди на Баерн за сите порази кои му ги нанесе додека играше за Дортмунд.

Белингам против Баерн нема победа во осум натпревари, седумпати губеше, а еднаш ремизираше. Белингам беше поразен на секое од четирите гостувања на „Алијанц арената“. За 511 минути, колку што играше Џуд на официјалните натпревари против Баерн, не постигна гол.

Ако некој има мотиви за победа против Баерн, тоа ќе биде тој.

- Оглас -

Најнови вести