Лани двете пресметки им завршуваа со 7+ голови, сега ќе биде поскромно

1007 Евертон – Челзи (18.30 часот)

Карамелите ќе се обидат да им го загорчат стартот на сезоната во Премиер лигата на фаворитите од Лондон кои сезонава имаат амбиција да се борат за титула во Англија. Кај домашните има неколку повредени играчи меѓу кои и Калверт Луин, а суспендиран е Рондон, додека кај Сините од Лондон неизвесен е само Вернер. Во минатата сезона, двата меѓусебни дуели на овие тимови завршија со 0-2 гола. Челзи не победил на „Гудисон парк“ уште од април 2017 година.

Предлог тип: Х2 & 1-3 (1.82)

 

1807 Борусија Д. – Баер Леверкузен (18.30 часот)

Дортмунд го продаде Халанд, а остана и без Алер кого го купија како негова замена, па во нападот ќе се потпираат на младиот Адејеми. Кај Баер ќе го нема Вирц кој е повреден. Леверкузен беше шокиран во 32-финалето на купот на Германија, па Шик кој е лидер на нападот, и другарите ќе сакаат да се извадат за тој голем кикс. Традицијата на меѓусебните дуели најавува голеада. Во минатата сезона двата меча беа со 7+ голови, а победуваа екипите кои беа гости. Последен нивен меч со 0-2 гола бил уште во 2017 година, од тогаш наваму, редовно е 3+, и речиси секогаш со голови на двете страни.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.79)

 

1816 Ханза – Арминија (20.30 часот)

Некогашните германски прволигаши не можат да се пофалат со добар старт на сезонава во втората Бундеслига. Арминија во првите две кола губеше, а Ханза имаше по една победа и пораз со по 1-0. Тимот од Рошток и во купот на Германија одигра меч со само еден гол. Овие два клуба ќе играат еден против друг за првпат после 2015 година.

Предлог тип: 1Х & 0-3 (1.81)

 

1703 Клермон – ПСЖ (21.00 часот)

Парискиот Дрим-тим и без Мбапе кој е повреден, не би смеел да има проблем на ова гостување кај тимот кој во минатата сезона на двата меча го уништија со вкупна гол разлика од 10-1. На средбата во Клермон, Мбапе даде три гола. ПСЖ нема да ја испушти приликата да победи на официјалното деби на новиот тренер Галтие, а и според формата во која се ѕвездите, за домашните добар резултат би бил и минимален пораз.

Предлог тип: 2 & 3+ (1.62)

 

1539 Порто – Маритимо (21.30 часот)

Порто тргнува по нова титула со дуел против Маритимо, кој бележеше добри резултати во подготвителниот период. Порто летово беше перфектен, а со 3-0 славеше во Суперкупот. Минус за Порто е повредата на стартниот напаѓач Еванилсон, но и без него се фаворити. Маритимо даваше гол на последните четири дуели против Порто, но само еднаш победи и тоа во Порто во есента 2020. Маритимо во март ја извојува својата последна гостинска победа.

Предлог тип: 1-1 (1.69)

 

- Оглас -

Најнови вести