Трката за Големата награда на Бразил од Формула 1 шампионатот кој ќе се вози вечерва со почеток во 18 часот, може да биде кобна по Макс Ферстапен во борба за титулата.
Актуелниот првак ќе стартува како 16-ти, имаше кошмарни квалификации и ќе му треба ново чудо како ланското кога тргна од 17-та позиција и извојува победа. Но, тогаш имаше нов мотор, сега работата е покомпликувана, и се смета дека само ако заврне дожд, Холанѓанецот би имал некакви шанси да ја намали штетата и да се надева на некој кикс на ривалите.
„Ситуацијата е лоша. Не разбираме сосема зошто испадна вака. Променивме неколку работи на болидот и не функционираше. Нешто дефинитивно не е во ред. Титула? Заборавете на тоа. Со оглед на тоа од каде почнуваме, можеме да заборавиме на тоа со вакви перформанси“, рече Верстапен.
Возачот на Мекларен, Ландо Норис, моментално е водечки на табелата со 365 поени, и ќе тргне од пол-позиција. Неговиот тимски колега Оскар Пјастри е втор со 356 поени, а Ферстапен е трети со 326.
Ако вечер победи Норис, а Ферстапен не освои поени, тоа ќе биде крај на надежите за Макс дека може да дојде до петтата титула.
Sport Life ви нуди над 130 опции за обложување за оваа трка на патеката Интерлагос во Сао Пауло. Трката може да биде многу интересна, бидејќи има места за претекнување, а вчера на историски најтесните квалификации, разликата од првиот до десеттиот беше само половина секунда.



