Лани на овој ден имаа 22 бода предност на врвот на табелата, сега заостануваат 22 бода зад лидерот

Пред точно една година, Ливерпул беше страв и трепет за сите противници. Црвените имаа низа од 44 натпревари без пораз во првенството и го израмнија рекордот од 18 победи во низа во Премиер лигата. На табелата, Ливерпул имаше неверојатни 22 бода пред најблискиот ривал и едноставно се знаеше дека титулата по 30 години чекање, ќе пристигне на „Енфилд Роуд“.

Токму на 29 февруари 2020 година заврши феноменалната низа на Ливерпул, кога тимот на Јирген Клоп загуби на гостувањето кај Ватфорд. Во претходните 12 месеци, Ливерпул немаше ниеден пораз во Премиер лигата, а откако на 29 февруари загубија од Ватфорд, до сега претрпеа 10 порази.

Тоа што не е за верување е очајната форма на Ливерпул во 2021 година. Само во првите два месеци од оваа година, Ливерпул загуби дури шест пати во девет средби. Толку порази Ливерпул имаше во претходните 100 лигашки дуели.

Англискиот првак сега има три порази по ред и ако загуби вечерва кај Шефилд јунајтед, ќе израмни негативен рекорд од 1953 година, што значи дека би биле најлоши во последниве 68 години. Сепак, тоа што треба да биде позитивно и оптимистички за Ливерпул е дека гостуваат кај последнопласираниот тим на табелата.

Шефилд сезонава во 25 меча освои само 11 бода и даде само 15 погодоци, а прими дури 41 гол. Дома има дури девет порази во 12 средби, па овој меч за Ливерпул доаѓа во вистински момент. Со Салах, Мане и Фирмино во офанзивниот ред, Ливерпул мора да нападне и да ја сруши одбраната на „фенерџијата“.

Ливерпул во изминативе 365 денови целосно се промени и сега нема шанса да ја одбрани титулата. Ако на овој ден минатата година имаа 22 бода предност, сега избраниците на Клоп заостануваат точно 22 бода зад лидерот Манчестер сити.

ТАБЕЛАТА НА 28 ФЕВРУАРИ 2020 ГОДИНА

ТАБЕЛАТА НА 28 ФЕВРУАРИ 2021 ГОДИНА

 

- Оглас -

Најнови вести