Матео Беретини, ланскиот финалист на Вимблдон, е принуден да се откаже од турнирот поради корона-вирусот. Италијанецот денес требаше да игра против Гарин во првото коло, но неговото место сега ќе го пополни Швеѓанецот Елијас Имер.
Ова е втор случај на Вимблдон да се исфрли тенисер поради ковид-19. Вчера Хрватот Марин Чилиќ се повлече од третиот овосезонски гренслем поради идентични причини.