Ланскиот МВП не отпатува со Клиперс во Орландо

Кавај Ленард не отпатува со екипата на Лос Анџелес клиперс во Орландо, но ќе игра на завршницата од НБА сезоната, во која заедно со својот тим се меѓу фаворитите за титулата.

Ланскиот МВП на финалето во НБА и актуелен првак, но со Торонто репторс доби неколку дена дополнителен одмор, а подоцна ќе се приклучи на остатокот од екипата.

Во Орландо во светот на Дизни од 30. јули ќе се игра завршницата на сезоната во НБА, односно плејофот, а Клиперс се меѓу фаворитите за шампионската круна.

Покрај Кавај, отсутен во оваа фаза ќе биде и Ландри Шамет, кој има Коронавирус, но се очекува, ако успешно ја мине 14-дневната самоизолација и тој да се приклучи на екипата непосредно пред рестартот на сезоната.

Лос Анџелес клиперс ќе тргне во доигрувањето за титулата од втората позиција во Западната конференција и според новиот принуден формат на натпреварувањето поради пандемијата со Ковид-19 го чека противникот во првото коло од плејофот.

 

- Оглас -

Најнови вести