Ланскиот победник на Мастерсот во Рим денеска беше разбиен во осминафиналето

Американецот Томи Пол за еден час и 14 минути игра го разби Данил Медведев, што значи дека на Мастерсот во Рим ќе има нов шампион бидејќи лани титулата му припадна на рускиот тенисер, кој во моментов е четврторангиран на АТП-листата.

Победата на Пол не е сензација, но изненадувачки е колку убедливо го совлада популарниот Медо, со 6-1, 6-4.

За првпат по 16 години во Рим ќе има двајца Американци во четвртфиналето. Пол во четвртфиналето ќе игра со Полјакот Хуберт Хуркач.

За Медведев продолжи проклетството да не одбрани ниту една од 20-те титули кои ги има освоено во кариерата.

- Оглас -

Најнови вести