Ланските финалисти во Купот сега се големи аутсајдери во полуфиналињата каде што играат на гости против Шкендија и Струга ТЛ

Шкендија против Македонија Ѓорче Петров и Струга Трим Лум на мегдан против Силекс се двата меча од полуфиналето на Купот на Македонија. Се игра само еден дуел, што значи дека денеска ќе бидат познати двете екипи кои ќе се пласираат во финалето и ќе се борат за големиот трофеј.

Минатата сезона во финалето Македонија Ѓорче Петров го победи Силекс, па и сега постои шанса да има реприза, но според квотите во Sport Life, тоа е малку веројатно. Речиси израмнети се коефициентите за победи на Шкендија и Струга ТЛ.

Стружани досега никогаш не биле дел од едно финале, но фактот дека овој тим е лидер во првенството, го прави фаворит против Силекс, кој има многу побогата историја и трофеи како во Купот така и во пренството.

- Оглас -

Најнови вести