Реал Мадрид тргнува во офанзива за ангажман на дефанзивецот на Ал-Наср, Ејмерик Лапорт. Флорентино Перес не трпи порази, а доживеа неуспех во преговорите за талентот на Лил, Лени Јоро. Младиот француски фудбалер одлучи да замине во Манчестер јунајтед, а Реал веднаш се насочи кон друга цел.
Кралевите ќе му понудат договор за трансфер на „Бернабеу“ на многу поискусниот шпански репрезентативец Ејмерик Лапорт. Централниот дефанзивец беше интересен за Реал Мадрид уште кога играше за Манчестер сити.
Лапорт минатото лето замина од „Етихад“ и се пресели во Саудиска Арабија откако доби неодолива понуда од Ал-Наср.
Реал Мадрид бара нови засилувања во одбраната откако Начо и Рафа Марин го напуштија клубот.
Можно е и да не се ангажираат нови играчи, туку во случај да не може да игра Ридигер или Милитао, на помош да дојде Чуамени или Валјехо за кој не се знае дали ќе остане во Реал или повторно ќе биде позајмен.